Украдена камера на МВР во село Вишни, струшко

Украдена камера на МВР во село Вишни, струшко.

Како што информираат од МВР, во ноќта помеѓу средата и четвртокот,  поточно во периодот од 20,45 до 08,30 часот над село Вишни струшко, поточно над црквата Св.Никола, од страна на непознар сторител извршена е тешка кражба на камера сопственост на МВР на Република Македонија.

Украдена камера на МВР во село Вишни Струшко
Украдена камера на МВР во село Вишни Струшко

Сторителот со употреба на подесен предмет (моторна пила), го пресекол дрвото на кое била поставена камерата, ја одзел и го напуштил местото на настанот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.