Камерите на сообраќајниците делуваат само превентивно

Од почетокот на проектот, па се до минатата недела Министерството за внатрешни работи изрекло над 1.800 предупредувања до несовесните возачи.

Марија Јаковлеска, портпатор на МВР, за НетПрес вели дека камерите се поставени од превентивно, односно на оние кои прават прекршок и истиот е регистриран од камерите, МВР им испраќа фотографија со предупредување.

„Прекршоците кои најчесто се регистрирани од страна на камерите се недозволено претекнување на полна линија, зборување на мобилен телефон додека се вози, како и непрописно паркирање, без разлика дали е тоа на зелена површина, пешаки премин, остров. Сеуште преку камерите не можеме да го регистрираме прекршокот за недов Овој проект функционаира на тој начин што, службите на МВР вадат фотографии кои со предупредување им се испраќаат на прекршителите. Доколку се случи, прекршителот за краток временски рок повторно да се види на камера дека прави одреден прекршок, тогаш лицето е санкционирано“, вели Јаковлеска.

1-bezbednosnite-kameri-od-eden-poinakov-agol-www.kafepauza.mk_

Таа додава и дека камерите често помагаат при пронаоѓање на сторители на сообраќајни незгоди кои ќе избегаат од местот на настанот.

„Конкретна бројка за тоа колку сторители кои предизвикале сообраќајна несреќа и избегале од местото немаме, бидејќи не водиме таква статистика. Но, затоа пак кога ќе се направи споредба со тоа колку сообраќајки сме имале со непознат сторите и колку од нив се решени, доаѓаме до позитивна бројка. Пронаоѓањето на сторителите, кога тој се смета за напознат, оди на тој начин што се враќаат снимките од потребната локација и се гледа возилото, регистарската таблица и секако оној кој ја предизвикал. Потоа лицето се повикува на информативен разговор“, додава за НетПрес, Јаковлеска.

Јаковлеска на крај додаде дека сите поставени камери работат и нивната цел на поставување е да се подигне сообраќајната свест кај возачите.