Камерон: Ако Британија ја напушти ЕУ, може да пристигнат илјадници бегалци

Камерон: Ако Британија ја напушти ЕУ, може да пристигнат илјадници бегалци
Камерон: Ако Британија ја напушти ЕУ, може да пристигнат илјадници бегалци

Во Велика Британија може да пристигнат илјадници бегалци од Франција, доколку британските избирачи одлучат земјата да излезе од Европската унија, изјави портпаролот на Дејвид Камерон, цитиран од британските медиуми.

Излегувањето на Обединетото кралство од ЕУ може да доведе до преместување на мигрантските кампови од Кале во Велика Британија, предупреди портпаролот, цитиран од француските медиуми.

-Нема да има никаква гаранција дека ќе ја има граничната контрола, што сега се врши во Кале. Без оваа контрола ништо нема да им попречи на илјадниците мигранти да го „прескокнат“ Ла Манш и да дојдат да бараат азил во Кент, подвлече тој.

Камерон ќе смета на овој аргумент во својата кампања за убедување на британските граѓани да го изберат проектот за реформи, што тој го договори со ЕУ и кој сега се проучува од земјите членки, посочуваат француските медиуми.

„На овој начин ’Даунинг стрит’ се надева дека ќе извлече корист од кризата со мигрантите на континентот“, забележа денеска конзервативниот дневен весник „Дејли телеграф“.

Портпаролот на Камерон истакна дека Велика Британија и Франција имаат „позитивни работни односи“ за прашањето за границите, но „евентуалното излегување од ЕУ под прашање ќе ги стави нивните односи во целина“.

Приврзаниците на таканаречениот „Брекзит“ ја обвинуваат владата дека меѓу граѓаните внесува неосновани стравови.

-Процедурите по однос на мигрантите се предмет на договор со Франција, а не со ЕУ. Нема никаков основ за промена, доколку излеземе од Европската унија, кажа Арон Банкс, коосновач на кампањата „Да излеземе од ЕУ“.

„Премиерот се размафта со тоа плашило, откако од ЕУ не успеа да ги добие длабоките реформи, што ни ги вети“, дополни Банкс.

Приврзаниците на останувањето во ЕУ од кампањата „Велика Британија е посилна во Европа“ од своја страна истакнаа дека излегувањето од Унијата негативно ќе се одрази врз обезбедувањето на границите.

– Благодарение на спогодбата со Французите, граничната контрола се спроведува во Кале, а не во Довер. Ако ја напуштиме ЕУ, има реална опасност овој договор да се прекине, што британските граници ќе ги направи понебезбедни, изјави претставник на кампањата

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.