Свет

Камерон го подржа египетскиот воздушен напад врз позициите на ИД во Либија

Камерон го подржа египетскиот воздушен напад врз позициите на ИД во Либија
Камерон: Ако Британија ја напушти ЕУ, може да пристигнат илјадници бегалци

Британскиот премиер Дејвид Камерон го подржа денешниот воздушен напад на египетската воена авијација, врз позициите групата Исламска држава (ИД) во Либија, пишува МИА.

Камерон го осуди, како што рече, вараварското ливидирање на 21-от киднапирани египетски Копти и најави засилена борба за искоренување на „монструозниот исламски екстремизам“.

Според британскиот премиер, Велика Британија му дава поддршка на Египет во неговата операција изведена рано утринава на либиската територија врз позициите и камповите на џихадистите од ИД.

– Нам не ни е потребно оправдување за борбата за уништување на екстремизмот- рече Камерон во Лондон и предупреди дека не смее да се дозволи Либија да стане „рајско место“ за џихадистите и терористите.

Камерон рече дека Велика Британија останува подготвена за борба против исламскиот екстремизам, но се заложи и за транзиција во Либија со помош на Обединетите нации.

Египетски авиони бомбардираа рано утринава позиции на ИД во Либија, во знак на одмазда поради масовната ликвидација со отсекување на главите на киднапираните Копти. Тие биле киднапирани во текот на декември и јануари во реонот на либискиот град Сирт, каде престојувале како градежни работници.

Од убиените 21 христијани, дури 14 се од коптското село Ал-Ур.

Властите во Египет се под силен притисок од домашната јавност, која ги обвинува дека претходно не сториле ништо за да ги спасат киднапираните.

Денешниот напад е првото мешање на Египет во случувањата во соседна Либија.

Во земјата во која по традиција има многу Египќани кои престојуваат таму како странски работници, владее хаос по насилното соборување на Моамер Гадафи. Во Либија од тогаш не постои централна власт, ниту има стабилни државни институции.

Земјата има две влади ,едната во Триполи, другата во Тобрук, додека вториот по големина град Бенгази на истокот од земјата, е под контрола на разни исламистички групи и организиации, од кои некои соработуваат со терористичката мрежа на Ал Каеда.