Камерон и Давутоглу разговараа за борбата против ИД

Британскиот премиер Дејвид Камерон разговараше со турскиот колега Ахмет Давутоглу за борбата против Исламска држава, пренесе МИА.

Камерон и Давутоглу се сретнаа два дена пред средбата на меѓународната коалиција за борбата против ИД, која ќе се одржи во Лондон.

Двајцата премиери се договоритле за размена на податоци за патниците со авиони за поефикасно да можат да ги идентификуваат потенцијалните џихадисти.

– Сигурен сум дека ќе работам рамо до рамо со Обединетото Кралство во борбата против тероризмот, истакна Давутоглу и вети стратешка соработка меѓу Анкара и Лондон против сите закани по мирот.

Камерон посочи дека битката против радикалниот тероризам на ИД е меѓу неговите приоритети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.