Камерон: Исламската држава е закана за Британија

Припадниците на Исламската држава се директна закана за Велика Британија и поради тоа мора да се вклучиме во конфликтот, изјави денеска британскиот премиер, Дејвид Камерон.

Исламските екстремисти зазедоа дел од територијата на Сирија и Ирак, а Камерон истакна дека и Британија мора да ја употреби сета своја воена сила и да го запре нивното напредување.

„Британија треба да соработува со земјите како што се Саудиска Арабија, Египет, Турција, па дури и Иран“, додаде Камерон.

Тој рече дека не мисли дека британски војници треба да се пратат во Ирак, додавајќи дека ќе се разгеда соработката со Иран за борбата против џихадистите.

Премиерот смета дека безбедноста може да се постигне само ако сите одговорни држави употребат свои ресурси, помош, дипломатија, па и воени способности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.