Камерон: Ќе ги употребиме сите средствa за да ги победиме џихадистите

Британскиот премиер Дејвид Камерон, денеска изјавил дека ќе ги употреби сите средства за пронаоѓање на заложниците, кои се киднапирани од групата Исламска држава, како и за победа над џихадистите.

– Ќе ги употребиме сите средства со кои располагаме во напорите да ги пронајдеме заложниците и ќе направиме се што е потребно за да ја победиме оваа организација, које е премногу безмилосна, безчувствителна и варварска во односот кон луѓето, истакнал Камерон.

Вчера беше објавена видео снимка, на која е прикажано обезглавувањето на британскиот хуманитарен работник Алан Хенинг (47).

Хенинг во декември минатата година замина како дел од хуманитарниот конвој со медицински материјали за болници во северозападните делови на Сирија.

Исламската држава ја презеде одговорноста за убиството на Британецот, заканувајќи се дека следен заложник кого ќе го ликвидираат ќе биде 26-годишниот Американец Питер Кесиг, поранешен американски војник кој служел во Ирак.