Камерон: Независноста на Шкотска би ги загрозила угледот и положбата на Велика Британија

Британскиот премиер Дејвид Камерон смета дека Шкотска треба да остане во рамките на Велика Британија и ги предупредува Шкотите дека нивната независност би го нарушила угледот и положбата на Британија во светот.

Во говорот кој ќе се одржи во Лондон, Камерон ќе упати емотивен апел за зачувување на целоста на Велика Британија, која ја сочинуваат Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.

„Ќе бидеме многу ослабени без Шкотска. Ако ја загубиме Шкотска, Британија би се променила, би го нарушиле сопствениот углед. Едноставен е фактот дека имаме влијание во светот, ако сме заедно,“ се наведува во говорот.

Шкотите, на референдум на 18 септември ќе се изјаснат за тоа дали нивната земја со нешто повеќе од пет милиони жители треба да излезе од унијата со Англија, стара 307 години.

Доколку независноста ќе биде изгласана, со тоа ќе се доведе во прашање положбата на нуклеарната подморничка флота која е стационирана во Шкотска, како и правото на Лондон на место на постојан член на Советот за безбедност на ОН.

Анкетите покажуваат дека најголем дел од Шкотите, денеска се изјаснија против независност, додека за самостојност би гласале една третина од граѓаните.

Сепак, има многу неодлучни гласачи, поради што Камерон во говорот наведува дека исходот е неизвесен.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.