Свет

Камерон: Номинацијата на Јункер е грешка

Камерон: Номинацијата на Јункер е грешка

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека номинацијата на поранешниот премиер на Луксембург за претседател на Европската Комисија е сериозна грешка која ќе го отежне останувањето на неговата земја во ЕУ, пишува Радио Слободна Европа.

Камерон кој гласаше против Јункер на Самитот на ЕУ во Брисел предупреди дека националниот интерес на Британија е да се реформира ЕУ, што според него, тешко дека ќе се оствари.