Камерон против испатата на откупнина на терористите

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, на Самитот на НАТО, изјави дека државите не треба да им плаќаат откупнина на терористите кои киднапираат граѓани од нивните земји.

Камерон во текот на самитот на Алијанската во Велс рече дека милитантните групи, како Исламската држава, која држи во заложништво еден Британец, парите од откупот ги користат за купување на оружје и завери против целиот свет.

Британскиот премиер на синоќешната гала вечер во текот на првиот ден од Самитот ги потсети своите колеги дека на самитот на Групата 8 мината година се договориле да не плаќаат откупнина, пренесува Би-Би-Си.

Камерон, исто така, повтори дека не ја исклучува можноста Британија да изврши воздушни удари на милитантите на Исламската држава.