Камерон против Јункер „до крај“

Британскиот премиер Дејвид Камерон ветил вчера на конференцијата за печат со кинескиот премиер Ли Кечијанг дека ќе се бори со крај да го сопре Жан Клод Јункер да стане следниот претседател на Европската комисија.

Кандидатурата на Јункер ја поддржува Европската народна партија, најголемата груша во Европскиот парламент, како и германската канцеларска Ангела Меркел. Камерон силно се противи на неговата кандидатура, истакнувајќи дека тој е федералист кој нема да ги усвои реформите за кои Лондон смета дека се потребни за блокот од 28 држави членки да се врати на правиот пат.

Во Британија ќе биде одржан референдум за членство во Европската Унија 2017 година ако Камероновите Конзервативци останат на власт после општите избори наредната година.

Како што се очекува, европските лидери ќе разговараат за претседател на Европската комисија на состанокот на Европскиот совет на 26 и 27 јуни во Брисел.