Камерон во Шкотска

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ќе ја посети Шкотска, што на четири дена пред референдумот за независност ќе биде една од неговите последни посети на оваа земја за да ги предупреди Шкотите дека одлуката за отцепувањето од Обединетото Кралство ќе биде трајна.

„По референдумот нема да има враќање, ниту пак реприза. Доколку Шкотска на гласањето одговори позитивно, таа ќе се оддели од Британија и засекогаш ќе останаме одвоени“, се вели во говорот на Камерон, кој на локалните медиуми им е доставен од страна на канцеларијата на британскиот премиер.

Аналитичарите го изразиле очекувањето дека Камерон ќе проба да апелира до Шкотите, така што Британија ја споредува како со семејство.

Во текот на викендот, повеќе илјади граѓани излегоа на улиците и побараа независност. Најбројни беа жителите на Глазгов.