Бразил2014

Камерун доби фудбалска лекција од Хрватска

Камерун доби фудбалска лекција од Хрватска

Со убедливата победа од 4:0 која ја забележаа во дуелот потив очајниот Камерун, репрезентативците на Хрватска ги осивија првите три бода во Бразил, останаа во игра за едно од двете места кои вода во 1/8 финалната рунда и по пауза од 12 години запишаа мундијалска победа.

Првиот погодок на натпреварот, постигнат во 11 минута беше дело на Ивица Олиќ, а во финишот од првото полувреме, заслужен црвен картон заработи Алекс Сонг кој намерно го удри напаѓачот на Хрватска, Марио Манџукиќ.
Прекрасен погодок на стартот од второто полувреме постигна Иван Перишиќ, а два погодока на своето конто запиша и бомбардерот на Баерн (М), Марио Манџукиќ.

„Немавме добар старт. Камерун создаде неколку убави шанси во првите 10 минути. Потоа се си дојде на своето моесто. Има место за напредок, Хрватска може уште подобро. Ќе нема некое поголемо славје, мора убаво да се одмориме, не чека дуелот против Мексико, исто како да играме некој финале натпревар. Можевме да забележиме уште поубедлива победа, но мора да бидеме задоволни од конечниот резултат. Мексико е добро познат противник, тим кој игра агресивно, кој сака да има целосна контрола врз топката. Спремни сме и за овој предизвик”, изјави селекторот на “коцкастите”, Нико Ковач.