Бразил2014

Камерун го сака мексиканскиот скалп

Камерун го сака мексиканскиот скалп

Голема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува на вториот натпревар од првото коло во групата “А”, дуелот помеѓу репрезентациите на Камерун и Мексико. 

И покрај големиот проблем од пред неколку дена кога репрезентативците на Камерун одбија да отпатуваат во Бразил поради скромните премии кои им беа ветени, предводникот на “лавовите”, Волкер Финке пред натпреварот против Мексико изјави дека неговите фудбалери можат да се носат со противникот и можат да ги освојат сите три бода.

„Се’ е во ред со мојот тим, последните тренинзи минаа во најдобар ред. Веќе се адаптиравме на новата средина и со нетрпение го очекуваме дуелот со Мексико. Имам многу информации за првиот противник. Мислам дека ја сфатив нивната филозофија, одлично се проучени сите противнички фудбалери. Секогаш оставаат добар впечаток, имаат препознатлив стил на игра. Можеме да се носиме со овој противник и гледам убава шанса да ги освоиме сите три бода“, изјави селекторот на Камерун, Волкер Финке.

Дуелот помеѓу Камерун и Мексико стартува во 18 часот.