Камерун ја преслуша Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа заслужен пораз од 2:0 на пријателскиот натпревар против фаворизираната селекција на Камерун, што се одигра во австрискиот град Куфштејн.
За нашиот нашиот национален тим ова е прв пораз откако во селекторското столче седна Бошко Ѓуровски, кој сигурно не е задоволен од играта на неговите избраници.
Учесникот на престојниот Мундијал во Бразил дојде до заслуженото водство во 52 минута, со погодокот на Пјер Вебо, а во 83 минта, во листата на стрелци се запиша и напаѓачот на германскиот бундеслигаш Мајнц, Ерик Чупо-Мотинг.