Камиловски: Голем број луѓе што гласале за СДСМ се чувствуваат изневерени од прифаќањето на платформата

„Голем број на гласачи коишто гласале за СДСМ коишто осетиле потреба за промена се исто така присутни на овие протести, од проста причина што они се чувствуваат изневерени со Тиранската платформа“, додаде Камиловски.

Тој смета дека повеќето граѓани се дел од оваа приказна поради тоа што се чувствуваат предадени.

„Сите ние граѓаните што излегуваме на протести фактички си го браниме нашето право на избор, нашето право на глас“.

Тој додаде дека ни на крај памет не му е на народот да прифатат туѓ премиер да им кажува како ќе се уредува нивната Република Македонија.

Маријан Камиловски и Ленин Јовановски гостуваа во „Отвореното студио“ со Градимир Марковски на тема „Велигденско затишје пред Бура?“.