Камиловски: Во операционата сала двојазичноста може да биде катастрофална

Докторите и вработените во јавното здравство остро се спротивставуваат на најавите за воведување двојазичност на целата територија на Македонија. Познатиот трауматолог професор доктор Виктор Камиловски во изјава за Сител вели дека двојазичноста ќе влијае врз професионалноста на докторите и ќе ја отежни нивната работа во операционата сала. Тој посочува дека неговите колеги албанци и сега слободно меѓусебе комуницираат на албански јазик, но двојазичноста е поголем проблем од кој најмногу ќе страдаат пациентите.

-Тоа би значело огромни гужви по шалтерите, тоа би значело во амбулантите недоразбирања и нервози, би значело утнување на многу дијагнози бидејќи јас треба да го прашам пациентот, да му земам анамнеза на јазик на кој јас не го говорам и уште потрагично, тоа би значело во операциона сала на инструментарката Албанка даи побарам инструмент на јазик на кој не го говорам. Во тие критични моменти, тоа би значело дека може да се загуби човечки живот. Тој што го прокламира ова многу згрешил, нека ги тргне рацете од здравството, докторите медицината. Тоа значи смрт на пациентот кој легнал на операциона маса. Кој ќе одговара? Навистина докторите, медицинските работници се уплашени од оваа идеја, ќе останат на улица бидејќи не го говорат јазикот, вели Камиловски.

Темата за воведување двојазичност во Македонија стана актуелна откако лидерот на СДСМ Зоран Заев пред дијаспората во Швајцарија јавно се пофали дека тој е првиот македонски политичар кој храбро го отворил прашањето за двојазичност во земјава и почнал да поставува двојазични табли и албански знамиња на партиските штабови.

Дека оваа идеја е особено опасна за иднината на Македонија и граѓаните предупреди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тој од вчерашниот митинг во Штип порача дека единствено осовојувањето на 63 пратенички места на Коалицијата за подобра Македонија ќе обезбеди сигурност и подобра иднина.

– Ви кажуваме многу отворено, многу јасно, што и следи на Македонија од сценаристите кои го најмиле Заев да го спроведе нивното сценарио. Можеби некои од вас се разочарани од некои наши слабости, грешки, пропусти и ние сме живи луѓе и ние грешиме, но стратешки грепки немаме. Ќе се трудиме да ги поправиме, да бидеме подобри, да бидеме уште поуспешни, да имаме помалку грешки, помалку слабости, но ова е крупна работа, ова не е работа за некоја мала грешка, па ајде ќе гласам за ова па што сака нека биде. Се работи за Македонија, внимавајте, се работи за иднината на нашата заедничка татковина, истакна Груевски.

Груевски потенцираше дека  ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирана на својата понуда за економски напредок, на суверена, самостојна и независна држава, унитарна држава без кантони и држава со соживот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.