Камион излета на патот Скопје – Велес

Камион излета на патот Скопје - Велес

Товарно возило влекач Сканија со приколка со унгарски регистерски таблички излеталo од автопатот Скопје-Велес синоќа околу 1 часот и 40 минути. Возачот на камионот изгубил контрола над возилото, излетал од автопатот и се превртел во нискостеблеста шума кај населбата Дурутовец, пренесува Прес24.

На тешко пристапниот терен каде се случила сообраќајната несреќа се наоѓаат јавен обвинител, екипи од СВР Велес и противпожарна единица.

Според неофицијалните информации, возачот го загубил животот.