Камион ја срушил кабината на патарината кај Желино

Возач на камион ја демолирал наплатната рампа кај тетовско Желино, додека еден од вработените бил внатре во кабината, објави порталот Инфомакс.

Според неофицијалните информации на корисниците на социјалните мрежи вработениот на наплатната рампа не е потешко повреден.

Се претпоставува дека возачот прелетал за да не плати патарина.

Од полицијата најавија подетални информации за утре.