Камион натоварен со 800 гасни боци се запали на автопат во Романија

Камион натоварен со 800 боци со гас утринава се запали на еден автопат во Романија, предизвикувајќи серија експлозии.

Локалната полиција соопшти дека при инцидентот нема загинати, но дека 12 лица се здобиле со серизни изгореници, од кои едно е во критична состојба.

Инцидентот се случил во месноста Михајлешт, во округот Бузау на југот на Романија. Населението што живее во радиус од половина километар од местото на инцидентот, е евакуирано. Сообраќајот е блокиран, а на местото се испратени осум противпожарни возила.

Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ситуацијата е ставена под контрола и дека нема опаснот од нови експлозии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.