Kамион прегази 12 заспани верници во Индија

Камион прегази најмалку 12 верници кои биле заспани покрај еден автопат во североисточниот дел на Индија.

Меѓу загинатите има четири жени, а уште 18 луѓе се повредени. Несреќата се случила пред изгрејсонце на автопат во индиската држава Бихар.

Повеќе од 50 верници се одмарале крај патот по посетата на еден храм во соседната држава Џарканд, кога возачот на камионот загубил контрола врз возилото.

Годишно во сообраќајни несреќи во Индија гинат дури 140.000 луѓе.