Трагедија: Паркиран камион се придвижи и прегази деветгодишно момче

Паркиран камион се придвижи и прегази деветгодишно момче. Трагедијата се случила вчера околу 17.45 часот во Куманово на локалниот пат во село Сопот.

Во сообраќајната несреќа со повреди се здобил и 35 – годишниот Х.С. од село Сопот.

Како што информира МВР, возачот на камионот С.Џ.(46) од с.Арачиново-Скопје, го паркирал возилото поради утовар на роба и излегол.  Во еден момент возилото само се придвижило и со предниот дел удрило во пешаците Х.С.(35) и деветгодишно машко лице, двајцата од с.Сопот.

По незгодата, пешаците биле пренесени во Медицинскиот Центар Куманово, каде од страна на доктор кај деветгодишното лице е констатирана смрт, додека пешакот Х.С. се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.