Македонија,Крими хроника

Камион прегази пешак во Битола

Трагедија во Битола, загина маж откако го удри камион.

Тешка сообраќајна незгода се случила денеска во попладневните часови на  улицата Иво Лола Рибар, кај градскиот парк во Битола во која учествувале пешак и камион.

Од ударот на камионот на лице место загинал 34-годишен битолчанец.

Причините за оваа несреќа ќе ги  утврдат јавниот обвинител, медицински лица и претставници од полиција кои попладнево го истражуваа случајот.