Камион прегази толпа верници во Мексико

Камин буквално влета и прегази толпа верници во Мексико. Најмалку 16 лица загинаа, а 30 други се повредени откако камионот се „втурнал“ меѓу учесниците на една верска процесија во мексиканската сојузна држава Закатекас.

Инцидентот се случил на главната улица во градот Мазапил, а за време на процесијата имало најмалку 200 луѓе.

Според полициски извори камионот одеднаш и без контрола тргнал низ улицата.

Првите наоди укажуваат дека откажале сопирачките на камионот.

Локалните медиуми тврдат дека веднаш по несреќата што ја предизвикал, возачот кој удрил во толпа верници во Мексико го оставил возилото и побегнал во непознат правец.

Денеска пронајдено и обезглавено семејство во Мексико

Маскирани напаѓачи обезглавија осум членови на семејство во Мексико. Семејството било киднапирано во северниот дел од Мексико, соопштина тамошната полиција.

Од трагичната смрт на ова несреќно семејство во Мексикоуспеал да се спаси деветтиот член кој успеал да побегне и ја известил полицијата.

Телата на убиените биле пронајдени на локален пат во Чивава.

Грозоморното убиство се случило во област каде нарко – картели одгледуваат марихуана.

Обезглавувањата на тела не се ретка појава во Мексико

Најмалку 10 обезглавени тела и 11 човечки глави во јануари годинава се пронајдени во мексиканскиот планински реон Гереро, каде владее жестоко насилство.

Телата, на кои им биле врзани рацете и нозете и со видливи траги на насилство, биле закопани на различни места во селото Тепевиско.

Исчезнатите студенти прогласени за мртви

Државата Гереро, кој е сиромашен реон каде што се одгледува марихуана и афион, во септември минатата година го привлече вниманието со исчезнувањето на 43 студенти, кои веројатно биле убиени од нарко-дилери во околината на градот Игуала.

Членови на нарко-картелот „Герерос унидос“ тврдат дека студентите биле убиени и запалени. Досега се идентификувани посмртните останки само на една од жртвите. Во врска со ова грозоморно дело се уапсени околу 90 локални полицајци, шверцери и службеници, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Игуала и неговата сопруга.

 

 

Мексико важи за земја со ниско ниво на безбедност поради секојдневните пресметки со оружје, особено на нарко-картелите.