Македонија

Австрија: Во камион најдени 50 безживотни тела на бегалци (фото)

Австрија: Во камион најдени 50 безживотни тела на бегалци (фото)

Во напуштен камион во Австрија биле најдени околу 50 безживотни тела на бегалци.

Додека во Виена се одржува Самитот за Западен Балкан, каде во фокусот се токму прашањата за мигрантите и бегалската криза со која што се соочува ЕУ, во земјата во напуштен камион биле пронајдени 50 безживотни тела на бегалци.

Во камион најдени 50 безживотни тела на бегалци
Во камион најдени 50 безживотни тела на бегалци

Мигрантите починале од задушување

Според првичните сознанија мигрантите починале од задушување. Австриската полиција го потврди инцидентот и посочи дека во камионот имало од 20 до 50 тела, само ако се земе предвид големината на камионот. Според полицијата смртта на бегалците преставува ужасен криминален чин.

Првичните проценки покажуваат дека мигрантите се починати веќе подолго време, поради што телата биле веќе во фаза на распаѓање.

„Црн ден“ за Австрија

Министерката за внатрешни работи на Австрија Микл Лаитнер за новинарите изјави дека тоа е „црн ден“ и дека нивните мисли биле со жртвите и нивните семејства.

Трагедијата уште еднаш ја подвлекува потребата од заеднички политики во ЕУ за заштита на мигрантите и борба против трговците со луѓе, рече таа, пренесува Би Би Си.

Камионот е со унгарски регистарски ознаки

Камионот е со унгарски регистарски ознаки
Камионот е со унгарски регистарски ознаки

Напуштениот камион имал унгарски регистарски ознаки, а бил паркиран во источниот дел на Австрија, односно во близина на градот Парндорф. Според сознанијата камионот бил паркиран таму вчера, но властите го пронашле дури во текот на изутринава.

Портпаролот на унгарската влада Јанош Лазар, на конференција за новинари изјави дека жртвите, најверојатно патувале кон некоја од западните држави со помош на Унгарци.

Портпаролот нагласи дека австриската и унгарската полиција работат заедно за откривање на одговорните за трегедијата.