Камион удри во автомобил, три лица повредени

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што денеска се случила во 9 часот и 20 минути во тетовско Стенче.

Како што информираат од полицијата во несреќата учествувале камион Мерцедес со гостиварски регистарски таблички управуван од 51-годишниот Ј.К. од тетовското село Ларце и автомобил Рено Канго, исто така со гостиварски регистарски таблички управуван од 33-годишниот М.С. од гостиварското село Чегране.

Во сообраќајната несреќа сопатниците од автомобилот, Б.А.(58) од гостиварското село Чајле и А.Х.(48) од Чегране се здобиле со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница како итни случаи биле испратени на клиниките во Скопје. Според првичните податоци тие не биле во животна опасност. Возачот на автомобилот, исто така се здобил со телесни повреди и е задржан на лекување во Тетовската болница.

По овластување на јавен обвинител увид извршила екипа на СВР – Тетово по што се работи на утврдување на причините за несреќата.