Камион удрил училишен автобус во Крагујевац

Ученици на возраст од 8 и 10 години се примени во Клиниката за детска хирургија.

Полицијата во Крагујевац соопштила дека тројца ученици на возраст од 8-10 години се повредени кога во автобус кој пренесувал ученици удрил камион натоварен со дрва.

Децата биле прегледани и им биле констатирани полесни повреди.

Увидот на местото на несреќата се врши во моментов.