Камионџија се обесил во кабината на својот шлепер

Педесет и петгодишен возач на камион од Нови Сад вчера е пронајден обесен во кабината од својот шлепер, на автопатот во Белград.

Најверојатно станува збор за самоубиство зошто првите резултати од истрагата покажале дека нема траги што би укажале на убиство.

Страотна глетка

Камионџијата се обесил со кабел за скалите кои се наоѓаат межу кабината и приколката од камионот со кој превезувал моторно масло. Трупот околу 10.30 часот вчера го забележал возач кој случајно со своето комбе поминал покрај шлеперот.

-Избезумен дотрча до зградата на „Ласта“ која се наоѓа во близина. Рече дека видел човек како виси на шлеперот. Набрзо дојде брза помош и полиција и констатираа смрт. Возачот бил сам во камионот, велат од полиција.

Камерите го снимиле

Моментот на самоубиството го снимиле безбедносните камери кои се наоѓаат на блиската станица. Наофицијално, српски Курир пишува дека возачот требало моторното масло да го достави за ГСП и „Ласта“ зошто тука се наоѓаат нивните складишта и гаража.

-ОСтанува нејасно само по кој пат дошол до зградата на „Ласта“. Натамошната истрага треба да утврди што се случило, велат извори од истрагата.