ФОТО: Кампот за мигранти кај Кале прерасна во мини град

Овој камп прво беше местото каде мигрантите се сместуваа додека очекуваа да бидат прокриумчарени од Франција во Британија. Тој беше отворен оваа пролет и на почетокот тоа беа само неколку шатори.

kale-kamp-3

Сега, само осум месеци подоцна, озлогласениот камп за мигранти во Кале стана мал град и постојано место каде се собираат луѓето што се обидуваат да стасаат во Британија.

kale-kamp-6

Сепак сега ова претставува постојано место за живеење за овие лица. По засилувањето на мерките за да се спречи криумчарењето мигранти, луѓето што овде очекуваат да стасаат до Обединетото Кралство отпочнуваат свој бизнис. Од воздух ова место наликува на мал панаѓур.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.