Каракамишева се обрати во кампот пред Собрание

Каракамишева се обрати во кампот пред Собрание

Јас не сум член на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа сум силен поддржувач на сите политики кои ги спроведува актуелната Влада предводена од Никола Груевски. Зошто сум поддржувач и стојам пред вас како редовен професор на Правен факултет? Зошто знам што е тоа демократија, затоа што знам што е Устав, што се закони, како се гради држава, затоа што знам што и недостасувало на Македонија во изминатиов период,  затоа што знам што е политика, знам што се политички партии и која е целта на нивното постоење.

Ова денеска го истакна во својот говор пред чуварите на демократијата универзитетската професорка по уставно право и политички систем, Татјана Каракамишева Јовановска.

Таа потенцира дека народот ги овластува политичките партии во наше име и за наша сметка да ги остварат изборните програми.

Целиот говор на професорката следува во продолжение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.