Камп за иновации за климатските промени

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон ќе го отворат Кампот за иновации за климатски промени кој денеска и утре ќе се одржи во Скопје.

 Настанот е закажан во 18.00 часот, во Иновативниот Центар на Телеком, плоштад Македонија, Скопје.

На кампот ќе бидат претставени десетте одбрани од вкупно 132 пристигнати идеи, од климатскиот предизвик „Твојот град – од тебе зависи“ што започна во декември минатата година.

Лидерите на избраните идеи ќе работат заедно со менторите, со цел од идеите да се направат модели и прототипови. Кампот ќе заврши со доделување награди за два проекти кои ќе покажат најголем потенцијал.

На отворањето на Кампот ќе присуствуваат и регионалниот директор на УНДП, Џихан Султаноглу, амбасадорот на Шведска, Матс Стефансон, директорот на УСАИД, Џејмс Штајн и деканот и лидер на Центарот за социјални иновации, Димитар Трајанов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.