четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 12

Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“

По повод одбележувањето на почетокот на меѓународната кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“, семејството на Обединетите нации и Делегацијата на Европската унија ве покануваатда го проследите главниот настан на 25 ноември (петок) 2016 година. во Хотел Парк во Скопје со почеток во 17:00 часот.

насилство

Поврзани вести

Кампањата се одржува со цел да се подигне свеста и да потикнат активности кои ќе помогнат да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата ширум светот, и тоа секоја година во текот на 16 дена во периодот помеѓу 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

Во текот на 16 дена активизам во земјата ќе се одржат бројни активности кои ќе вклучуваат осветлување на Скопско Кале во портокалово, поддршка од јавни личности од различни сфери, како и низа дебати со средношколци и студенти ширум земјата.

Најчитани вести