четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Кампања „Млад возач, безбеден возач“ за дополнителна едукација на возачи почетници

Проектот, на почетокот ќе се реализира само во Скопје, а понатаму и во другите градови во Македонија. Обуката ќе биде поделена на теоретски и практичен дел.

Кампања „Млад возач, безбеден возач“ за дополнителна едукација на возачи почетници

Кампања „Млад возач, безбеден возач“ за дополнителна едукација на возачи почетници

Поврзани вести

„Млад возач, безбеден возач“ е насловена камапањата за дополнителна едукација на возачи почетници, што денеска беше промовирана од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Порше Македонија, Мотоцентарот и Игор Стефановски – Иџе, со помош на Спортскиот центар „Борис Трајковси“ – Скопје.

Проектот, на почетокот ќе се реализира само во Скопје, а понатаму и во другите градови во Македонија. Обуката ќе биде поделена на теоретски и практичен дел. Пректичните обуки ќе се одржуваат со поддршка на Европскиот шампион и најдобриот македонски автомобилист Стефановски – Иџе. Начинот и формата за пријавување, како и условите за учество веќе од денеска ќе може да се најдат на facebook страницата на РСБСП и компаниите кои го поддржуваат проектот. Секој учесник по завршувањето на обуката ќе се стекне со сертификат за безбеден и одговорен возач – почетник.

Целта на проектот, нагласи Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП,  е подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку надградување на сообраќајната едукација на возачите почетници, со посебен акцент на зголемување на нивната практична обука за безбедно управување со моторното возило.

– На наше задоволство, ваков проект првпат се реализира во Македонија и сериозно ќе ја унапреди едукацијата и ќе ја подигне сообраќајната култура кај младите учесници во сообраќајот, а со тоа и најважно ќе придонесеме за намалување на бројот на сообраќајните незгоди и жртвите во нив. Ги повикувам, младите, да се пријавуваат, активно да учествуваат во овој проект, и секако да возат одговорно и да бидат одговорни возачи, рече Стаменковски, претседател на РСБСП.

Со реализацијата на овој сообраќајно едукативен проект, посочи, ќе се надградат возачките способности кај возачите почетници преку обезбедување на можност да учат од најдобрите, да им бидат укажани најчестите грешки кои ги прават возачите почетници, да бидат посочени сите можни моменти и ситуации во кој може да се најде еден учесник – возач во сообраќајот.

Возачите почетници, потенцира Стаменковски, спаѓаат во категоријата на ранливи и ризични учесници во сообраќајот од неколку причини и тоа: недоволното искуство, ограничените вештини и способности, ограниченото знаење, склоноста кон преземање на ризик, нивната младост, темперамент, итн. Техниките и вештините за безбедно управување со моторно возило, подвлече, се стекнуваат со искуството и со поминатите километри.

Дејан Ѓорѓиевски, маркетинг Менаџер на Порше Македонија посочи дека едукацијата на возачите почетници има посебно значење во сообраќајот особено поради високиот степен на моторизацијата, како и зголемениот број на малолетни лица кои учествуваат во сообраќај како возачи на возила од различни категории.

– Затоа, ние како импортер на моторни возила кој директно комуницира со возачите почетници при изборот на нивното прво возило, ја чувствуваме одговорноста за нивна едукација не само при набавката на возилото, туку и во понатамошниот развој на сообраќајната култура. Наша должност е да поддржиме и учествуваме во кампањи од ваков тип, изјави Дејан Ѓорѓиевски.

Според Моника Бошкоска, маркетинг менаџер во Мотоцентар, ако земеме предвид дека според статистиката во Република Македонија младите и неискусни возачи повеќе учествуваат во сообраќајните незгоди од другите, и се во голема опасност да станат дел од таква трагедија се додека не стекнат поголемо искуство, важноста и потребата за еден ваков дополнителен тренинг и обука на возачите почетници е повеќе од неопходна.

– Мотоцентар како општествено одговорна компанија ги поддржува и во иднина ќе се залага за сите настани кои имаат за цел подобрување на безбедноста во сообраќајот во РМ, додаде Бошкоска.

Стефановски – Иџе изрази надеж дека со неговото искуство што го има стекнато на тркачите патеки позитивно ќе влијае и ќе ги насочи младите да внимаваат во сообраќајот и да управуваат со возилата како што треба.

– Не секогаш способностите што ги имаат се доволни за да направат нешто што сакаат на патиштата. Ќе ги советувам и практично ќе им покажам се она што го знам од искуство и што го имам научено од овие тркачки патеки, како да се снајдат во оние ситуации кога е најпотребно и да им ги кажам сите мани кои можат да произлезат од брзото возење, рече Иџе, додавајќи оти автомобилот е превозно средство се додека се управува со него како што треба, но кога ќе се надминат неговите перформанси тоа знае да биде опасно оруже во рацете на младите луѓе.

Како што беше споменато на денешната промоција на проектот, во сообраќајни незгоди, според статистичките податоци, во Република Македонија имало 148 жртви во 2015 година. Дваесет и пет проценти од сообраќајките кои завршиле со потешки последици, беше посочено, се предизвикани од млади лица до 29 години, додека 30 проценти од вкупно загинатите лица се млади лица на возраст од 29 години.

Секоја година, покажува статистиката, по 400 илјади млади лица во светото го губат живтото во сообраќајни незгоди, а најголем дел од овој број отпаѓа на средно развиените земји.

Најчитани вести