Кампања на Дурекс по повод Часот на Планетата Земја

Во знак на одбележување на Часот на Планетата Земја, на 29 март во светот се исклучуваат светлата на еден час, а новата иницијатива покрената во Македонија ги повикува сите граѓани да го направат истото.

Во пресрет на Часот на Планетата Земја, светскиот производител за презервативи Дурекс покренува нова иницијатива насловена како #TurnOfftoTurnOn, со која ги поттикнува своите потрошувачи да го искористат едночасовниот настан на 29 март кога светот ги исклучува светлата. Брендот ја позиционира кампањата како “глобален повик за будење со Дурекс” , со што ги инспирира паровите низ целата планета да си посветат еден час без светло и електроника, еден со друг.

„Веруваме дека ништо не треба да претставува препрека на патот за водење љубов. Затоа да се одјавиме од социјалните мрежи и да ги исклучиме светлата. Тргнете ги очите од телевизорите и прегрнете ја вашата љубов. Гледајте помалку, за да почувствувате повеќе. Заедно ќе направиме #TurnOffToTurnOn“ повикуваат од Дурекс.

Кампањата е поддржана со емотивно видео, кое ги потенцира моментите на отсутност и зафатеност со својот паметен телефон, иако партнерите се еден покрај друг, како и среќата од повторното поврзување. Краткиот филм беше инспириран од истражување спроведено во Велика Британија, кое откри дека третина од анкетираните велат дека технологијата им е буквална пречка во нивниот сексуален живот.

„Глобалната опсесија кај луѓето со технологијата поточно паметните телефони, лаптопи, телевизори и таблети не прават асоцијални. Денот на Планетата Земја е одлична кампања за да се пренесе пораката да делуваме, да ја заштитиме земјата и да водиме љубов цел ден. Време е сите да ги исклучиме светлата за да се возбудиме“, изјави Уконва Ојо, маркетинг менаџер на брендот.

 

Во продолжение погледнете го промотивното видео за оваа иницијатива.