Македонија

Кампања „Не си фраер ако загинеш на матура“

Кампања „Не си фраер ако загинеш на матура“

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од денеска до крајот на месецов ќе спроведе кампања за поголема безбедност во сообраќајот на матурантите во деновите на матурските прослави „Не си фраер ако загинеш на матура“.

Целта на оваа активност во организација на РСБСП е да биде промовирана едукативна кампања наменета за матурантите и подигнување на нивната свест за некористење автомобил на прославата на матурската вечер.

Детали за активностите во тек на кампањата РСБСП ќе презентира на прес-конференција, на која ќе најави и одржување на државните натпревари во сообраќајно-воспитни манифестации „Детски семафор“ и „Сообраќајно-техничка култура на младите“.