Кампања под името „Секој ден да е безбеден“ за поголема безбедност на децата во сообраќајот

 – Кампањата ќе се реализира во соработка со општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата и со надлежните институции на ниво на Република Македонија. РСБСП цели кон тоа да се задржи континуитетот на сообраќајна едукација, а со тоа децата да се стекнат со трајни навики кои секојдневно ќе ги практикуваат во текот на целиот живот, а со тоа да се унапреди безбедноста на сообраќајот на патиштата, како кај децата, така и кај возрасните, преку практикување на повисоко ниво на култура, свест и одговорност во сообраќајот, соопшти РСБСП.

Активностите од кампањата ќе бидат реализирани во наредните 6 месеци, кога ќе бидат организирани повеќе јавни настани за подигање на свеста за заштита на децата во сообраќајот, едукативни материјали и предавања за децата и возрасните, дефилеа, како и реализација на голем број активности, меѓу кои „Децата како коректор на возрасните“, организација на сообраќајно-едукативни предавања во детски градинки на тема „детски седишта“ и поделба на едукативен материјал–боенки и картички со пораки кои ќе бидат подарок за родителите од нивните најмили.

– Децата се нашето најголемо богатство, а наша лична одговорност е секој ден да вложуваме максимални напори за намалување на децата-жртви во сообраќајот и токму затоа апелираме, сите поединци, родители, надлежни институции и останати општествени чинители да се вклучат во оваа кампања, да ја поддржат и да дадат свој придонес кон остварување на нејзините цели, истакнува претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски.

Од РСБСП нагласуваат дека и понатаму ќе се залагаат за безбедност на децата во сообраќајот, тргајќи од фактот дека во 2015 година, вкупно 22 лица на возраст до 18 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои девет биле деца на возраст до четири години. Паралелно со овие активности, РСБСП ќе продолжи да ги остварува целите од Глобалната кампања на Обединетите нации, Save Kids Live-Нула деца жртви во сообраќајни незгоди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.