Македонија

Кампања против насилството врз жените

Кампања против насилството врз жените

Женската граѓанска иницијатива АНТИКО, заедно со 13 други организации кои го третираат прашањето за искоренување на насилството врз жените и девојчињата, денеска на платото пред трговскиот центар Сити Мол ќе ја организираат меѓународната кампања и танцот „1 Милијарда крева револуција“.

Настанот е од интернационален карактер и во фокусот го има симболичниот танц на песната „Brеаk the chain“ („Скрши го синџирот“).

Во рамките на кампањата, на 17 февруари во 20 часот, ќе биде реализирана и претставата „Лисистрата“ во Театар Комедија.