петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Kампања „Спречи ја трговијата со луѓе- прашај, помогни, пријави“

Кампањата „Спречи ја трговијата со луѓе- прашај, помогни, пријави“ е подржана од УНИЦЕФ, Холандска Амбасада, UK Aid Dift, Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Македонија.

132740665

Последни вести

„Спречи ја трговијата со луѓе- прашај, помогни, пријави“ е насловена едномесечната кампања против трговија со луѓе, чиј почеток денеска ќе го промовираат Здружението на граѓани „Отворена Порта- Ла Страда“ и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) на Европскиот ден за борбата против трговијата со луѓе.

Кампањата „Спречи ја трговијата со луѓе- прашај, помогни, пријави“ е подржана од УНИЦЕФ, Холандска Амбасада, UK Aid Dift, Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Македонија.

Националниот координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција Сања Димитриевска, како што е најавено, ќе ги презентира заложбите на Република Македонија во борбата против трговијата со луѓе во присуство на претставници од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Секретаријатот на Комисијата, претставници од МВР, Министерството за труд и социјална политика, Локалните комисии за борба против трговија со луѓе од Штип и Битола, Центрите за социјални работи, невладини и меѓународни организации ќе ги презентира заложбите на Република Македонија во борбата против трговијата со луѓе.

Најчитани вести