Кампања „Топол дом без пожари“ во Илинден

Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“, во соработка со Противпожарниот сојуз на градот Скопје ја реализира кампањата „Топол дом без пожари“ во сите 12 населени места на Општина Илинден.

Во рамките на кампањата од страна на учениците-членови на секцијата „Млади пожарникари“, на граѓаните на Општината им беа делени флаери со совети за тоа како треба да се однесуваат за време на грејната сезона за да не дојде до појава на пожари.

Kampanja Topol dom bez pozari 3

Младите пожарникари, во рамките на кампањата посетија и повеќе домаќинства и во директен контакт укажаа на опасностите што демнат при несоодветната употреба на енергенсите што се користат за греење и за тоа што треба најнапред да направат доколку дојде до несакани случувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.