среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 11

Кампања во борба на ксенофобијата под име „Деца на планетата Земја“

Во Мобилната галерија ЦАЦ во Паркот на франкофонијата во Градскиот парк и во Капан ан во Старата чаршија денеска и утре ќе се одржат низа настани за промоција на националната кампања против ксенофобијата насловена како „Деца на планетата Земја“.

132988200

Поврзани вести

Музичките и уметничките настани и дискусиите кои се дел од промоцијата имаат за цел да поттикнат на размислување дека сите имаат право да живеат мирно, слободно и безбедно и оти сме способни да ги надминеме растечкиот страв од туѓинци и омразата кон различните од нас.

Со ова завршуваат активностите кои фондацијата „Отворено општество – Македонија“ ги спроведуваше во рамки на концептот Хуманитарна и правна помош за мигранти од 1 септември 2015 година до 30 септември годинава, во соработка со „Легис“, Македонско здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Најчитани вести