Кампања за поголема безбедност во сообраќајот

Граѓанската организација „Уметност на живеење Македонија”, коалицијата „Боите на животот”,и „Скај блу медија”, ве повикуваат да се приклучите кон „Кампањата за поголема безбедност во сообраќајот”.

Кампањата се реализира во цела Македонија од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и останати граѓански организации и партнерите.

Целта на настанот е сообраќајна едукација на сите учесници во сообраќајот, препознавање на ризиците и опасностите во него и подигање на свеста за поголема безбедност кон велосипедистите во сообраќајот.

Ве повикуваме да се приклучите и да ја подржите оваа акција за заедничко возење со своите велосипеди низ улиците на Скопје.

Стартот ќе биде на 9 мај 2015 (сабота) со почеток во 12 часот, пред „Порта Македонија”.