Кампања за враќање на писмата во „живот“

СМС пораките, електронската пошта и социјалните мрежи сериозна закана за рачно напишаните пораки. Традицијата на пишување писма полека исчезнува, а пишаниот збор губи вредност. Граѓаните не се сеќаваат кога последен пат испратиле или добиле некаква честитка по пошта, пренесе Сител.

Агенцијата за пошти преку награден конкурс ќе ја обновува традицијата на испраќање писма. Директорот смета дека паричните награди за најдобрите писма, ќе ги поттикне граѓаните барем за момент купчето сметки во поштенските сандачиња да го заменат со честитки од најблиските.

Иако со напредокот на технологијата рачно напишаните пораки делуваат старомодно, сепак атентичноста и емоцијата која се пренесува преку хартија е незаменлива. Пораките напишани со личен потпис делуваат искрено и кријат посебна убавина.