Кампања за заштита на личните податоци, “На сигурно си!”

Од денеска започнува кампањата за заштита на личните податоци при осигурувањето под мотото “На сигурно си!”. Кампањата ќе ја спроведува Дирекцијата за заштита на лични податоци, во партнерство со 13 осигурителни компании и две брокерски куќи, а со поддршка на Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Кампањата ќе се реализира низ неколку градови во Македонија, започнувајќи со Скопје, а потоа и Гостивар, Битола, Штип, Струга.

На отворените работилници, граѓаните ќе можат да се информираат за тоа дали осигурителните и брокерските компании имаат право да го обработуваат нивниот матичен број, да задржат фотокопија од нивната лична карта, да ги откријат личните податоци кон трети лица и слични активности.