Кампања за заштита од пожари во општина Аеродром

Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ одржа кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови  денеска, 5.1.2015 година, на платото пред ТЦ „Бисер“ и пред трговскиот центар во населба Лисиче.

За време на акцијата на граѓаните им се делеа флаери со едукативна содржина за опасностите од пожар, како и заштита од пожари во пресрет на големиот христијански празник Божик, кога се палат бадниковите огнови.

Целта на кампањата е да се едуцираат граѓаните како да постапат со огнот, кој претставува традиционален начин да се прослави овој голем христијански празник, а воедно претставува и потенцијална опасност за настанување пожари. На граѓаните им се посочи дека огнот треба да се пали на безбедна локација и на оддалеченост од 20 метри од огнот да нема паркирани автомобили и запаливи материи, да се внимава на децата да не се приближуваат до огнот, како и да не се фрлаат пиротехнички и запаливи материи во огнот. Организаторите на бадниковата прослава, пак, се предупредуваа да не ја напуштаат локацијата додека не го изгаснат огнот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.