среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Кампања „Зонта вели НЕ на насилството врз жените и девојчињата“

zonta-veli-ne

Поврзани вести

Зонта Клубот Скопје  ќе ја најави кампањата „Зонта вели НЕ на насилството врз жените и девојчињата“.  Кампањата е финансирана од УСАИД, и е дел од глобалната кампања за подигнување на јавната свест „Обои го светот во портокалова боја“ , која е дел од кампањата на Генералниот Секретар на Обединетите Нации – Обединети против насилството врз жените.

Портокаловата боја, која симболизира посветла иднина без насилство врз жените е поврзана со кампањата која се случува секоја година во периодот од 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените, и 10 декември – Меѓународниот ден на човекови права.

Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стејн, и Постојаниот Координатор на Обединетите Нации Лујза Винтон, ќе ги поздрават присутните.

УСАИД, заедно со Делегацијата на ЕУ и со канцелариите на ОН, со подршка на „16 Дена активизам против родовото насилство“, со цел да поттикне акција за ставање крај на насилството против жените и девојчињата ширум светот.

Кампањата ќе опфати активности во текот на 16 дена, дизајнирани да се обои светот во портокалова боја: „Крај на насилството врз жените и девојките“.

Патувајќи во 13 градови низ Македонија, во светло портокалов автобус, Зонта Клубот Скопје ќе биде домаќин на средби и дебати низ земјата, и ќе ги покани луѓето од сите сфери на животот да стават на себе портокалова боја со цел да покажат поддршка.

Најчитани вести