Кампањите на ЕВН за енергетска ефикасност вродуваат со плод

Кампањите на ЕВН за енергетска ефикасност вродуваат со плод
Кампањите на ЕВН за енергетска ефикасност вродуваат со плод

Најновите иновативни техники и методи за заштеда,  но и промената на секојдневните навики се првиот чекор за енергетска ефикасност.

Граѓаните се информираат преку кампањите, едукативниот серијал “Енергетска математика”  и ги применуваат советите од експертите, за да ги намалат сметките за струја.

– Најскапата енергија е онаа која залудно ја трошиме. А најевтина е наа што ја заштедуваме. Нашето семејство на многу едноставен начин ни покажа како да се заштеди енергија со изолација, со воведување на други промени. Но ова е само еден мал чекор на нашиот долг пат кој што ќе го продолжиме со Агенцијата за енергетика, смета Штефан Петер претседател на УО на ЕВН Македонија.
evn1
Платформата за енергетска ефикасност на ЕВН Македонија доби национална награда за  општествена одговорност.
– Фокусот на оваа програма е да ги едуцираме граѓаните и сопствениците на компаниите дека најдобро е да се штеди енергија не само за да се намалат сметките кои што тие ги имаат туку и генерално да го подобриме квалитетот на живот во РМ. Ќе го намалиме увозот на енергија ќе може да бидеме што е можно поодржливи во нашето делување, изјави Александар Дукоски директор на Агенцијата за енергетика на РМ.