Кан: Ноер е најдобриот голман во целиот свет

Честитки за одличните интервенции на Мундијалот во Бразил, репрезентативниот голман на Германија, Мануел Ноер, доби и од легендарниот репрезентативец на Германија, Оливер Кан.

Постариот колега на Ноер е убеден дека голманот на Баерн (М) има голем удел во секоја победа која избраниците на Јоаким Лев ја имаат запишано во Бразил и дека Ноер е најдобриот голман во целиот свет.

„Сите го фалат. Ноер е фантастичен голам, идеален меѓу стативите. Ноер има удел и тоа голем во секоја победа на Германија.Се на се, врвен ефект. Ноер беше одличен на Светското фудбалско првенство и според мене, нема подобар голам во целиот свет од голманот на Баерн (М)”, изјави поранешниот репрезентативец на Германија.