Свет

Канада го осуди нападот во Волгоград

Канада го осуди нападот во Волгоград

Канада е потресена од атентатот во Волгоград и го осудува, рекол канадскиот министер за надворешни работи Џон Берд, пренесува „ИТАР-ТАСС“.

„Како резултат на уште еден грд чин на тероризам во Волгоград загинаа и беа повредени многу цивили. Организаторите на атентатот треба да се најдат и да бидат казнети“, рекол министерот.

„Во овој момент, кога терористичката закана останува глобална реалност, нашата решеност да и се спротивставиме не слабее“, истакнал тој.