Канада го повлече амбасадорот од Русија и се откажа од Г-8

Ескалираат односите помеѓу САД и Русија поради ситуацијата во Украина, а против одлуката на рускиот претседател застана и Канада.

Канадскиот премиер Стивен Харпер, објави дека неговата земја  го повика својот амбасадор од Русија поради развојот на настаните во Украина.

Како што јави  АП,  Харпер по вонредниот состанок на неговиот кабинет, истакнал  дека Канада се повлекува  и од Самиот на Г-8 кој треба да се одржи во јуни во Сочи. Вчера и Барак Обама се откажа од учеств на самиот.

Харпер остро ја осуди воена интервенција на Русија во Украина и ги повика претседателот Владимир Путин да ги повлече своите војници.

Советот на Руската Федерација го одобри барањето на Путин во саботата да се испрати  руската армија во Украина за да се заштитат руски државјани и на Црноморската флота во Крим.