Канада го прослави 150-от роденден

Долго очекуваната прослава на 150-от роденден на канадската државност во саботата е одбележана по лошо време, дождови и протести, но ниту поројните врнежи не успеаја да ја расипат атмосферата за собраните кои во голем број дојдоа да уживаат во музичките настапи, паради и огнометот.

Повеќе од 500.000 луѓе учествувале во свеченостите организирани во саботата во Отава по повод 150-годишнината од обединувањето на Канада,кога поранешните британски колонии се обединиле во нова држава, пренесе Reuters.

Канадскиот премиер Џастин Трудо ја отвори свеченоста којашто беше проследено со големи безбедносни мерки за околу 25.000 луѓе собрани пред националниот парламент во главниот град Отава каде што ирскиот пејач Боно Вокс и другите членови на бендот U2 ја одушевија публиката, пренесе телевизијата CTV News.

Прославата во главниот град е завршена со спектакуларен огномет кој траел 20 минути и 17 секунди, пренесува агенцијата. Одбележувањето на јубилејот со низа настани имашеи во најнаселената канадска метропола Торонто. Но поради лошото време откажани беа прелетите на канадските воени авиони.

Премиерот Трудо изјави дека за Канаѓаните не важно од каде кој доаѓа. На која религија ѝ припаѓа или кого сака. Традиционално се обрати и на француски и на англиски, двата службени јазици, велејќи дека и двата се добредојдени во Канада, пренесува BBC.

Се осврна на минатото, велејќи дека сега е вистинското време Канаѓаните да се осигурат за својата иднина. „Како општество, мораме да ги признаеме грешките од минатото и да го зацртаме патот за идните 150 години“, рече Трудо алудирајќи на постапувањето кон автохтоното население во Канада.

Во саботата неколку стотици демонстранти, припадници на автохтоното канадско население, одржаа мирни протести во Торонто.

Канадските музичари одржаа концерти, а настапија двата фронтмена наU2. Исто така, собраните на Парламент хил можеа да учествуваат во програмата на светската атракција Сирк де Солеј.

„Кога другите градат ѕидови, вие ги отворате вратите, кога другите наметнуваат поделби, вашите раце нека останат раширени, каде вие водите, другите нека следат“, порача Боно Вокс.

Денот на Канада е национален канадски празник со кој се одбележува годишнината од потпишувањето на 1 јули 1867 година на актот за Британска Северна Америка, со кој се обединети трите тогашни провинции во единствената држава Канада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.